Connect with us

Други спортови

Мал скок за Јотовски на АТП листата и мал пад на ВТА листата за Ѓорческа

На најновите ранг листи за тенисери и тенисерки македонските претставници имаат минимални промени на рангот, Томислав Јотовски има мал скок, а Лина Ѓорческа мал пад. Кај мажите Томислав Јотовски е најдобро рангираниот играч и се наоѓа на 575. место со скок од четири позиции со вкупно 50 поени. Горазд Србљак се наоѓа на 1.336 место со 4 поени (пад од две места), а Димитар Грабул е на 1.503 место со 2 поена. Од другите тенисери ранг имаат уште: Бесир Дургути – 1.956 место и Стефан Мицов – 2.045 место двајцата имаат по еден поен.

Во женска конкуренција Лина Ѓорческа има пад од едно место и се наоѓа на 232. место со 233 поени. Ѓорческа во моментов поради повреда нема настапи на турнири и не успева да ги „брани“ поените освоени минатата година.

Од македонските тенисерки ранг има Магдалена Стоилковска која се наоѓа на 1.060 место на ВТА листата со 7 поени. Но, денеска таа не успеа да ги мине квалификациите на фјучрсот во Хамамет откако во последното коло загуби од Донароза Гувернанте од Холандија.