Ракомет
Мала слатка одмазда од Скубе за тренерот на Пик Сегед
Сташ Скубе беше посебно мотивиран во двете средби против ПИК Сегед со оглед на тоа што пред стартот на оваа сезона практично беше избркан од унгарскиот првак. Но, иако долго време не зборуваше на оваа тема, вчера во Сегедин ја отвори душата.
„Тука бев две сезони, минав две убави години, лани ја освоивме титулата со Сегед првпат по 11 години. Но, знаев дека нешто не е добро, кога среде јуни имав петминутен разговор по скајп и некој ви вели оди си или ќе седиш на трибини. Среќен сум затоа што Пастор ми рече да седам на трибини, но сега тој ќе седи на трибините во Келн, а јас ќе играм на Ф4“, изјави Скубе.
Ривалот на Ф4, Вардар ќе го добие утре во 11:00 часот.