Connect with us

Фудбал

Малдини: Ибра е дел од проектот на Милан

Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини ја коментираше ситуацијата околу престојот на Златан Ибрахимовиќ во клубот, како и за неговата раководна позиција.

„Ние изградивме нешто оваа сезона и мора да бидеме постојани. Значи, во следната кампања ќе се обидеме да се надоградуваме на она што сме го направиле. Златан е дел од овој проект. Преговорите нема да бидат лесни, но имаме цврста намера да го задржиме кај нас. Имаме многу млади играчи кои можат брзо да растат со Ибра покрај нив. Можеби имаме различни пристапи за постигнување на нашите цели, но исто така треба да имаме сеопфатна визија за тоа каде сакаме да одиме, во спротивно не би бил овде“, изјави Малдини за „Скај Спортс“.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама