Connect with us

Фудбал

Малер за Горан Пандев, само што влезе во форма се повреди, го напушти мечот по 13 минути игра

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев попладнево помина само 13-минути на теренот за Џенова против Болоња. Поради повреда мораше да ја напушти играта. Засега не се знае колку е сериозна повредата, но со оглед на тоа дека не можеше да продолжи да игра и бараше измена, веројатно е нешто посериозно.

Се работи за проблеми со левото колено. Ова е малер секако за нашиот Горан Пандев кој влезе во форма и на последните неколку меча постигна неколку голови или вкупно шест оваа сезона. Инаку, Џенова води со 2:0 на гостувањето кај Болоња.