Фудбал
Манчестер Јунајтед без проблеми го совлада Евертон
Фудбалерите на Манчестер Јунаутед попладнево во последниот натпревар од 5. коло од Премиер лигата остварија сигурна победа против Евертон со 4:0.
Со овој триумф тие се изедначија на врвот на табелата со ист број бодови (13) и иста гол разлика (+14) со градскиот ривал Манчестер Сити. Стрелци на головите беа: Антонио Валенсија (4. минута), Хенрих Мхитарјан (83), Ромелу Лукаку (89) и Ентони Марсијал (90+2 пенал).
Во дербито на колото попладнево лондонските ривали Челзи и Арсенал одиграа без голови 0:0.
Резултати на натпреварите од 5. коло: Манчестер Јунајтед – Евертон 4:0, Челзи – Арсенал 0:0, Тотенхем – Свонси 0:0, Хадерсфилд – Лестер 1:1, Ливерпул – Барнли 1:1, Њукасл – Стоук 2:1, Вотфорд – Манчестер Сити 0:6, ВБА – Вест Хем 0:0, Кристал Палас – Саутемптон 0:1 и Бурнемут – Брајтон 2:1.
Табела: Манчестер Сити 13 бодови, Манчестер Јунајтед 13, Челзи 10, Њукасл 9, Тотенхем 8, Хадерсфилд 8, Барнли 8, Ливерпул 8, Саутемптон 8, ВБА 8, Вотфорд 8