Фудбал
Манчестер Јунајтед го потпишува најскапиот договор во историјата на Премиер лигата, клубот ќе добие 900 милиони фунти
Манчестер Јунајтед објави дека клубот потпишал нов договор со германскиот концерн „Адидас“ кој ги облекува „црвените ѓаволи“ од почетокот на сезоната 2015/16. Новиот договор е за период од 10 години – до 2035 година. Според англиските медиуми, клубот од него ќе добива 90 милиони фунти годишно или вкупно 900 милиони за целиот период. Ова е секако најскапиот ваков договор во целата историја на Премиер лигата . Претходниот договор, кој беше склучен во летото 2014 година, на Манчестер Јунајтед му носеше 75 милиони фунти годишно.
„Адидас“ ја обезбедуваше и опремата на „црвените ѓаволи“ во периодот 1980-1992 година.
„Односот помеѓу Манчестер Јунајтед и Адидас е еден од најиконите во светскиот спорт. Темелите беа поставени во 1980-тите, а во текот на изминатата деценија нашето партнерство повторно се измисли со некои од најиновативните дизајни и технологии во спортската облека“, рече извршниот директор на Јунајтед, Ричард Арнолд.