Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед има играч подобар од Кристијано Роналдо?!

Интересна статистика, односно споредба објавија англиските медиуми. Маркус Рашфорд наспорти Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“.

Против Манчестер Сити, на градското дерби кое го доби Јунајтед, младиот напаѓач го запиша својот 127 натпревар во Премиер лигата во дресот на „Црвените ѓаволи“. На исто толку натпревари има подобар учинок од Португалецот.

Рашфорд има помала минутажа – 8.110 наспроти 8.924, но има постигнато повеќе голови – 37:34. Има помалку асистенции – 18:22, но предноста е огромна. Тој ги постигнал своите голови од 256 удари, додека на Кристијано му беа потребни 471. Ова значи дека процентот на успешност на Маркус е 14,5, додека на Роналдо е само 7,2.