Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед издвои 50 милиони за Андре Онана

Манчестер Јунајтед ја достави втората подобрена понуда до Интер за голманот Андре Онана. „Црвените ѓаволи“ понудија гаранција од 45 милиони евра, која може да се зголеми на 50 милиони евра.

Позицијата на „нероаѕурите“ во овој момент останува непроменета, а италијанскиот гигант сака пакет од 60 милиони евра, со 55 милиони загарантирани и уште пет во вид на бонуси врз основа на учинокот на голманот во неговиот нов тим.

Преговорите со Андре Онана продолжуваат, а тие ќе бидат одлучувачки и за иднината на Давид де Хеа кому му истече договорот, но ќе бидат обновени само доколку пропадне договорот за камерунскиот гард со Интер.