SPORTM.mk
Манчестер Јунајтед ја откри судбината на Пол Погба
Манчестер јунајтед нема да прифати понуди за Пол Погба до крајот на трансфер прозорецот во Европа, објави „ЕСПН“. „Црвените ѓаволи“ имаат вербален договор со францускиот играч од средниот ред, кој го уверил раководството дека нема намера да го напушти клубот ова лето.
Сепак, од „Олд Трафорд“ се загрижени дека Реал Мадрид може да направи офанзива во последните денови од трансфер прозорецот во Шпанија, кој се затвора на почетокот на септември. Пол Погба сака да се пресели во Реал Мадрид, но му порачал на менаџерот Оле Гунар Солскјер дека е целосно посветен на тимот оваа сезона.
Раководството најавија дека ќе одбијат понуда што ја надминува нивната утврдена сума од 180 милиони фунти затоа што веќе немаат време да најдат достојна замена за Французинот.
„Црвените ѓаволи“ очекуваат нови обиди на „кралскиот“ клуб да го привлечат играчот од средниот ред следното лето, но медиумите на Островот се сомневаат дека „белите“ можат да ја обезбедат потребната сума за потписот на Погба по трансферите што ги направија пред почетокот на ова сезоната.
Менаџерот Оле Гунар Солскјер е подготвен да прифати понуди за Маркос Рохо и Матео Дармијан, кои не влегуваат во сметките на менторот за новата кампања. Трансферот на Рохо во Евертон пропадна во последните минути од трансфер прозорецот во Англија, а Дармијан е поврзуван за преминување во Интер.