Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед победи, но се квалификува како втор во групата

Манчестер Јунајтед забележа победа со минимални 0:1 на гостувањето кај Реал Сосиедад.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 17. минута од натпреварот кога Гарначо погоди по асистенција на Кристијано Роналдо.

Но, оваа победа беше безвредна, бидејќи „црвените ѓаволи“ останаа на второто место.

Тие се израмнети во бодови со Реал Сосиедад, со по 15, но Шпанците победија со 2:0 во првиот натпревар против Англичаните.

Така, Манчестер Јунајтед се квалификува во 1/16 финалето, додека Сосиедад во 1/8.