Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед сака да изгради стадион за 100.000 луѓе

Манчестер Јунајтед веќе прави планови за изградба на нов и модерен стадион кој ќе има капацитет од 100.000 луѓе, објави Би-Би-Си.

Сопствениците на клубот се надеваат дека до крајот на 2024 година ќе донесат конечна одлука дали да потрошат повеќе од 2 милијарди фунти за нов стадион.

Ко-сопственикот на Менјунајтед, Сер Џим Ретклиф, сака да изгради „Вембли на северот“ за тимот и веќе е составена работна група за да ја процени изводливоста на проектот и можниот реконструкција на Олд Трафорд.

Работната група е предводена од лордот Себастијан Коу и ги вклучува градоначалникот на Манчестер Енди Барнам и поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“, Гери Невил.

Извори од клубот потврдија дека групата веќе се состанала четири пати, при што дискусијата главно се фокусирала на нов објект, наместо на реновирање на постоечкиот стадион, кој ќе чини околу 1,2 милијарди фунти и ќе биде потребно подолго време за да се заврши.

Компликациите во реновирањето на Олд Трафорд со капацитет од 74.310 луѓе, дом на Манчестер Јунајтед од 1910 година, вклучуваат железничка линија зад трибината на Сер Боби Чарлтон и потребата да се намали капацитетот на објектот за време на градежните работи предизвикувајќи непријатности кај навивачите и голема загуба приходите.

За разлика од Тотенхем, кој играше на Вембли додека беше завршен нивниот стадион вреден 1,2 милијарди фунти, Манчестер Јунајтед нема алтернатива за користење на Олд Трафорд. Затоа, мегапроектот за стадион со капацитет од 100.000 седишта не изгледа нелогичен, бидејќи би чинел речиси двојно повеќе, но на овој начин клубот ќе има нов и огромен стадион, а додека трае неговата изградба, Олд Трафорд ќе биде во можност да уживаат во полн капацитет.