Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед се договори за доаѓање на високо платен тренер

Младиот португалски тренер Рубен Аморим (39) ќе стане нов тренер на Манчестер Јунајтед откако беше договорено да ги преземе „црвените ѓаволи“. Како што најави португалската А Бола, а подоцна потврди и Фабрицио Романо, актуелниот тренер на Спортинг Лисабон ќе го преземе Манчестер Јунајтед и ќе го наследи Ерик тен Хаг, кој вчера доби отказ.

Манчестер Јунајтед на Спортинг ќе му плати отштета од 10 милиони евра, а младиот тренер на „Олд Трафорд“ ќе заработува меѓу седум и осум милиони евра годишно. Аморим треба да потпише тригодишен договор со Манчестер, а со оглед на тоа што Спортинг еднаш му плати 10 милиони евра на Брага, португалскиот тренер со преселба на „Олд Трафорд“ ќе стане еден од најскапо платените тренери досега.

Аморим својата играчка кариера ја помина играјќи за Белененсес и Бенфика, а тренерската кариера почна да ја гради во Каса Пија, од каде се пресели во Брага. Спортинг го донесе во 2020 година и оттогаш почна нивното искачување со оглед на тоа што освои две првенствени титули, а сезонава игра исклучително добро со девет победи во исто толку натпревари.