Фудбал
Манчестер Јунајтед за половина час игра против Брајтон, Кристијано Роналдо не е во составот
Со почеток во 15:00 часот Манчестер Јунајтед го игра својот прв меч од новата сезона против екипата на Брајтон. Кристијано Роналдо не е во почетниот состав, односно тренерот Тен Хаг го остави Португалецот на клупата за резервни фудбалери.
Како што е познато веќе цело лето се шпекулира дека Роналдо сака да замине, а имаше и еден вербален конфликт со Тен Хаг за време на пријателски меч, па веројатно тоа се причините зошто Португалецот е на клупата.
Confirmed: today's United line-up ✔#MUFC || #MUNBHA
— Manchester United (@ManUtd) August 7, 2022