Фудбал
Манчестер Сити е шампион на Англија
Арсенал не успеа да освои ниту бод на гостувањето во 37, коло од Премиер лигата кај Нотингем Форест, поточно го загуби мечот од ривалите во борбата за опстанок. Заврши 1:0 за домашните со голот на Таиво Авонији, а таквиот исход на натпреварот значи дека Манчестер Сити е шампион на Англија.
На врвот на табелата Манчестер Сити има четири бода повеќе од Арсенал кој има само уште еден натпревар до крајот на сезоната. На избраниците на Гвардиола, пак, им претстојат уште два првенствени натпревари, што значи дека ни теоријата веќе не е на страната на лондонскиот клуб.
Манчестер Сити на тој начин по деветти пат во својата историја ја освои титулата шампион на Англија, со тоа што и ја одбрани титулата и трета сезона по ред стана шампион. Со оваа шампионска титула Манчестер Сити се израмни со Евертон со по девет титули, а пред нив се Манчестер Јунајтед со 20 шампионски титули, Ливерпул со деветнаесет и Арсенал со тринаесет.
Арсенал одигра како што игра од почетокот на април. Избраниците на Микел Артета не беа убедливи, откако во последните седум првенствени натпревари остварија две победи, три нерешени и два порази. На Арсенал му беше многу тешко да создаде реални шанси против солидниот домаќин, иако гостите од Лондон доминираа со посед во поголемиот дел од натпреварот и се обидуваа да се заканат.
Нотингем, од друга страна, ја продолжи одличната серија на крајот од сезоната и ја оствари третата победа во последните пет натпревари. Повторно стрелец беше Нигериецот Авониј кој го реши победникот во 19. минута. На последните три првенствени натпревари овој Нигериец постигна дури пет гола.
Покрај тоа што Манчестер Сити и математички ја одбрани титулата, Нотингем Форест со оваа победа го обезбеди и престојот во Премиер лигата и за следната сезона.