Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити го кради „моторот“ на Јувентус

Екипата на Манчестер Сити предводена од Гвардиола играат одличен фудбал оваа сезона.

Тимот е без пораз во Премиер Лигата (само еден нерешен резултат), и е убедливо на прво место во Лигата на шампионите.

Сепак, Пеп Гвардиола смета дека неговиот тим му треба уште едно засилување во средниот ред во јануари, а изборот е неговата долгогодишна желба, дури и кога бил тренер на Барселона и Баерн Минхен.

“Граѓаните”спремија понуда од 60 милиони евра за Миралем Пјаниќ во зимскиот преоден рок.

Шпанскиот тренер се обиде да го донесе Пјаниќ во Барселона во 2014, а подоцна и како тренер на Баерн, но и два пати неуспешно.

Милалем Пјаниќ се пресели во Јувентус од Рим во 2016 година за 32 милиони евра.