Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити го руши клупскиот рекорд со напаѓачот!

Голем број шпански и европски медиуми, меѓу кои и доверливиот Фабрицио Романо, денеска пишуваат дека наскоро ќе биде финализиран најголемиот излезен трансфер на Манчестер Сити во историјата. Сити е во завршни преговори со Атлетико Мадрид околу трансферот на одличниот напаѓач Хулијан Алварез, кој неодамна изрази желба да го напушти „Етихад“ бидејќи е во сенка на Ерлинг Халанд и ја нема минутажата што ја очекува, а Романо денеска пренесува дека понудата на Јорганџите е прифатена!

Мадриѓаните беа најбрзи и решија да му платат повеќе од 75 милиони евра на Сити за трансферот на Алварез, а тоа ќе биде најголемиот излезен трансфер на Граѓаните досега бидејќи моменталниот рекорд го држи Рахим Стерлинг со трансфер во Челзи од 56 милиони евра. . Романо најави дека трансферот ќе биде финализиран веќе денеска, па се очекува наскоро да бидат закажани лекарските прегледи на Алварез на стадионот Метрополитано. Исто така, Сити преку договорени бонуси ќе добие дури 20 милиони евра.