Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити и Барселона го сакаат, но Јуве не смее да го продаде

Родриго Бентакур е мета на Манчестер Сити и Барселона. Одличниот Уругваец би заработувал повеќе во Шпанија или англија, но Јувентус исто така смета на неговите услуги, иако не е стандарден.

Италијанските медиуми пишуваат дека „Старата дама“ би се согласила да го продаде, за околу 45 милиони евра, бидејќи во летниот преоден рок ќе тргнат по младите италијански надежи Тонали и Заниоло.

Сепак, Јувентус никако да се договори со Бока, да им плати дел од парите за да се избрише клаузулата од 50% која му припаѓа на аргентинскиот тим во случај на продажба.

Бентакур беше дел од договорот за трансферот н Тевез во Бока Јуниорс.

Поради тоа Јувентус во овој момент со продажба ризикува да добие само половина од парите, па се очекува понудите од Сити и Барселона да бидат одбиени.