Фудбал
Манчестер Сити ја прифати понудата на Ал-Насер
Европскиот шампион Манчестер Сити ја прифатил понудата на Ал-Насер за дефанзивецот Ајмерик Лапорте , објавија „Скај спортс“ и „Дејли мејл“. Шпанецот стана тешка резерва во тимот на Хосеп Гвардиола и се очекува негово заминување од „Етихад“.
Познат беше интересот на клубот на Кристијано Роналдо за Лапорте ова лето. Според Фабрицио Романо, Ал-Насер дури и ја подигнал платата понудена на самиот играч.
Шпанскиот репрезентативец помина пет сезони во Сити, но се чини дека неговата кариера таму е при крај. За него е заинтересиран и неговиот поранешен клуб Атлетик Билбао, но трансферот назад во баскиската страна изгледа малку веројатен.
Преселбата на Лапорте во Ал-Насер е лоша вест за Барселона бидејќи клубот од Саудиска Арабија го сакаше Клемент Лангле, но самиот Французин бавно реагираше.
Ал-Насер ги има и Садио Мане, Марсел Брозовиќ, Алекс Телеш, Давид Оспина и други.