Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити поднесе жалба за судењето на дербито со Ливерпул

Манчестер сити испрати формална жалба за судиите на натпреварот од 12. коло против Ливерпул (1:3), пренесува „Дејли мејл“.

„Граѓаните“ се фокусираа на фактот дека на првиот гол на натпреварот во изведбата на Фабињо му претходеше игра со рака од страна на Александар-Арнолд во неговиот шеснаесетник. Постојат и други решенија на главниот судија на средбата, Мајкл Оливер, кој се доведени во прашање од страна на актуелниот европски шампион.

За потсетување, по последниот свиреж на судијата, тренер на Сити, Пеп Гвардиола тргна кон судиската екипа, се ракуваше со секој судија и саркастично се заблагодари за делењето на правдата.