Connect with us

Фудбал

Манчестер сити се соочува со 115 обвиненија, би можел да биде исфрлен од Премиер лигата?!

Англискиот шампион Манчестер Сити се соочува со 115 обвиненија за наводно прекршување на правилата во Премиер лигата. Судското рочиште почнува во септември, а епилогот се очекува дури во 2025 година.

На „граѓаните“ им се заканува исфрлање од Премиер лигата.

„Сити се соочува со испаѓање од Премиер лигата доколку се докажат најсериозните обвинувања против нив. Наводните прекршувања вклучуваат недавање точни финансиски информации за девет сезони, недавање целосни детали за платите на поранешниот менаџер Роберто Манчини во текот на неговите четири сезони во клубот од 2009 до 2013 година, и не давање целосни детали за платите на играчите – вклучувајќи го и поранешниот играч од средниот ред Јаја Туре – за шест сезони од 2010/11 до 2015/16 година“, пишува Тајмс.

Ќе биде интересно да се следи оваа ситуација и да се види дали таа ќе влијае на партиите на тимот на Пеп Гвардиола во сезоната што претстои. Сити во саботата го освои Комјунити Шилд победувајќи го Манчестер Јунајтед по изведувањето на пенали на „Вембли“, а одбраната на титулата во Премиер лигата ќе започне в недела од 17 часот и 30 минути, кога во дербито од првото коло ќе му гостува на Челзи.