Connect with us

Фудбал

Манчини доби отказ, но слави, ќе добива добра плата три години, ќе има дури и за неговите внуци!

Италијанскиот стручњак Роберто Манчини вчера доби отказ од клупата на Саудиска Арабија која ја водеше последните 14 месеци и беше најплатениот тренер во светот. Манчини со Саудијците потпиша четиригодишен договор вреден 92 милиони евра, а според последните информации многу добро може да го прослави овој отказ.

Имено, британските медиуми најавуваат дека Манчини во наредните три години ќе добива редовна плата, колку што останале во договорот, откако постигнал таков договор со сега веќе поранешните газди. Така Манчини во следните три години ќе заработи уште 72 милиони евра со што сигурно ќе ја осигура егзистенцијата и на неговите внуци. Тоа значи дека Манчини ќе заработува околу 2 милиони евра месечно, 500.000 евра неделно, 70.000 евра дневно и 50 евра во минута, објави The Sun.