Фудбал
Манџукиќ ги одби милионите на Јунајтед
Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ му се заблагодари на Манчестер Јунајтед за понудата, јавуваат медиумите од Италија.
Жосе Мурињо во изминатиов преоден рок во своите редови сакаше да ги види Марио Манџукиќ, кој му вети и многу поголема плата од таа што ја има во Јувентус, меѓутоа тој ги одби милионите на Јунајтед.
„Tuttomercato“ пренесува дека Манџукиќ не го омекнаа ниту пет милиони евра по сезона кои му ги понудиа „Црвените ѓаволи“, а пресуден беше и состанокот со тренерот на „Старата дама“ Масимилиано Алегри.
Полуларниот „Манџо“ настапува за Јувентус од 2015 година. Досега за клубот од Торино има одиграно 127 натпревари и постигна 34 голови.