Connect with us

Фудбал

Марадона е виновен за лошата форма на Хамшик

Словачкиот репрезентативец Марек Хамшик има лоша сезона во дресот на Наполи, а според неговиот менаџер, причината за неговите слаби настапи е легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона.

Имено, според менаџерот на Словакот, Мартин Петрас, токму клупскиот рекорд на најмногу постигнати голови за Наполи, кој е во сопственост на Марадона, има големо влијание врз играта на Хамшик.

– Рекордот на Марадона има големо влијание на него. Тоа е нормано. Што побрзо го исфрли тоа од мислите, тоа ќе биде подобро. Мој совет е Хамшик да го изведува следниот пенал за Наполи, за да ја избистри главата, изјави Петрас.

Хамшик сезонава има постигнато само еден гол во 16-те меча одиграни во сите натпреварувања. Тој има вкупно 114 голови во дресот на Наполи и го дели само еден од израмнување на рекордот на Марадона.

Прва шанса за израмнување на рекордот на Марадона, стар веќе 15 години, Хамшик ќе има веќе утре во дуелот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, кој ќе се игра на „Сан Паоло“ во Неапол.