Connect with us

Фудбал

Марадона: Ниту јас, ниту Меси, не e Роналдо, најдобар на сите времиња е…

Диего Армандо Марадона, фудбалски мајстор, кој долго време важеше за најдобар на сите времиња. Но, секако има голема конкуренција, тука е Пеле, па во поновото време, бразилскиот Роналдо, португалскиот Роналдо, Лионел Меси.

Но, според Марадона, ниту еден од овие кои се спомнати не е најдобар на сите времиња. Тој вели дека тоа е Алфредо ди Стефано.

-Мислам дека е најдобар на сите времиња Алфредо Ди Стефано. Беше супериорен во се. Дури и во однос на мене. Пеле не сакаше да му признае на Ди Стефано дека е суперталентиран. Неговите пријатели дури измислија трофеј посебно за него како жива легенда. Јас дури и го победив Пеле во избор за најдобар во историјата во Рио, вели Марадона.

Ди Стефано е поранешен напаѓач на Ривер Плата, Уракан, Милионариос, Реал Мадрид и Еспањол. Интересно е тоа што настапувал за три репрезентации, Аргентина, Колумбија и Шпанија.

Има и приказна дека бил на чекор до Барселона, но го „украл“ Реал Мадрид, а потоа се е историја.

Во кариерата постигнал 487 голови на 669 натпревари. Почина во 2014 година.