Connect with us

Фудбал

Марадона за Меси: Би сакал да игра за Наполи, но никогаш нема да биде како мене

Марадона играше за Наполи од 1984-та до 1991 година и освои две титули, Куп на Италија и Куп на УЕФА. Познатиот „Ел Пибе“, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња изјави дека на Наполи многу ќе му значеше да го има Меси во своите редови, но…

-Меси сигурно би можел да игра за Наполи, би сакал да имаат еден ден играч со таков калибар, но никогаш нема да може да го постигне она што го постигнав јас. Никогаш нема да го доживее она што го доживеав јас, изјави Марадона.