Connect with us

Други спортови

Мареј се повлече, го пропушта Ролан Гарос

Британскиот тенисер Енди Мареј дефинитивно ќе пропушти уште една сезона од Гренд Слем, Ролан Гарос.

Како што пренесуваат странските медиуми, тројниот победник од Гренд Слем го повлече своето име од листата на кандидати, а причината е дека тој не е целосно подготвен да одговори на барањата што тој турнир го носи со себе.

Во изминатиот период имаше шпекулации дека 30-годишниот Мареј би можел да се врати во Глазгов, но тој исто така, се откажа исто како и од турнирот во Лафборо кој ќе се одржи овој месец.

Мареј играл на Ролан Гарос 10 пати за време на неговата кариера. До најдобар резултат дојде во 2016 година, кога загуби во финалето на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Враќањето на Мареј се очекува на почетокот на тревната сезона, посебно на турнирот Хертогенбош, кој ќе се одржи од 11 до 17 јуни.