Connect with us

Други спортови

Мареј со големи шанси да го пропушти Квинс, а најверојатно и Вимблдон

Иако беше предвидено поранешниот светски рекет број еден да се врати на турнирот во Квинс, најновите вести за рехабилитацијата на Енди Мареј од операција на колкот не се оптимистички. Дури и учеството во Вимблдон е доведено во прашање.

Шкотланѓанецот се уште е на листата на учесници на турнирот во Квинс, што се смета за генерална проба за Вимблдон, а организаторите истакнуваат дека тие не добиле информација за откажување на шесткратниот шампион.

– Ние немаме такви информации. Тој се уште е на нашата листа на учесници. Овој турнир треба да биде најсилен на сите времиња, откако се очекува настап на шест играчи од топ 10, вклучувајќи ги и поранешните шампиони и финалисти. Засега го очекуваме, како и да помогне да го промовираме турнирот, изјави извор близок до организаторите на турнирот во Квинс.

Од друга страна, доаѓаат вестите дека напредокот во закрепнувањето не е значаен и има големи шанси да го пропушти Квинс, а најверојатно и Вимблдон. Мареј имаше долго време проблем со колкот, кој го оперираше на почетокот на годинава.