Поврзи се со нас

Фудбал

„Марка“ ги открива условите на Лионел Меси за да остане во Барселона

Лионел Меси на крајот на минатата сезона сакаше да замине, но остана во Барселона бидејќи клубот одби да го раскине договорот. Барселона тогаш порача кој сака да го има Аргентинецот во своите редови треба да плати 700 милиони евра, бидејќи има важечки договор.

Сега, тој договор истекува по завршувањето на оваа сезона. Како слободен играч, тој може да бира каде да ја продолжи кариерата. Сепак, по заминувањето на Жозеп Бартомеу, има шанси Меси да се предомисли и да остане во Барселона.

„Марка“ ги открива условите. Според овој медиум, Аргентинецот ќе чека да заврши сезоната, да види како ќе се одвиваат работите, а потоа ќе одлучи дали да го продолжи договорот. Еден од условите секако е да ги види целите на клубот, односно засилувањата и амбициите, за да види какви се шансите да се борат за титули. Вториот услов е тоа кој ќе биде претседател и директор на клубот. Доколку овие услови бидат по негов вкус, тогаш може да се очекува да го продолжи договорот.

Сепак, вреди да се напомене дека од јануари 2021 година Меси има право да преговара со друг клуб. Еден од оние кои се спомнува како сериозен е Манчестер Сити, каде тренер е неговиот пријател Пеп Гвардиола.

 

loading...

Facebook