Фудбал
Марка: Реал се договори со Крос. Следува Модриќ
Реал Мадрид соопшти дека Тони Крос потпишал нов едногодишен договор. Марка тврди дека мадридскиот клуб најпрвин сакал да ги реши официјалните најави за трансферите на Фран Гарсија , Брахим Дијаз и Хоселу , по што се свртеле кон нови договори со сегашните играчи. Официјално прв беше потврден Крос, а ќе следат Лука Модриќ, Начо и Дани Себаљос, тврди Марка.
Договорот на капитенот на хрватската репрезентација со Реал истекува на крајот на јуни. Тој најави дека одлуката за останување или заминување ќе ја открие по финалето на Лигата на нации, во кое Хрватска загуби од Шпанија на пенали. Да потсетиме, Модриќ има богати понуди од саудиските клубови.
Но, се чини дека 37-годишниот Модриќ ќе ги одбие огромните пари и ќе остане во Реал, што претходно го изрази како желба. „АС“ веќе анализираше дека Модриќ ќе игра следната сезона со оглед на доаѓањето на фантастичниот играч за врска Џуд Белингем, додека Спорт тврди дека потпишал договор со посебна клаузула според која може да го напушти клубот во случај на спектакуларна понуда.