Connect with us

Други спортови

Маркез се повлече од трката за ГН на Холандија поради повреда

Шпанскиот возач на Репсол Хонда, Марк Маркез, нема да учествува на трката за Големата награда на Холандија поради повреда, која во недела ќе се одржи во Асен во Мото ГП шампионатот.

Маркез во кариерата освои осум титули во Мото ГП шампионатот, но веќе две сезони има проблеми со повреди.

Тој заработи нова повреда на вчерашниот тренинг. Шпанецот падна по судирот со Енео Бастианини.