Connect with us

Фудбал

Маркос Алонсо го исполни ветувањето: Тој не клекна и само покажа на знакот

Фудбалерот на Челзи, Маркос Алонсо го одржа ветувањето и повеќе нема да клекне на колена во знак на поддршка против расизмот.

Шпанскиот фудбалер пред натпреварот против Манчестер Сити објави дека ќе престане да клекнува и тоа навистина го стори.

Додека сите останати клекнаа, Алонсо застана и покажа на знак на неговиот дрес на кој пишува „нема место за расизам“.

Многу фудбалери одлучија да не клекнат на колена во претходниот период. Меѓу нив има фудбалери со темна кожа, а Вилфрид Заха беше првиот што одлучи за овој потег.

Тој смета дека клекнувањето не е доволно во борбата против расизмот и дека се потребни многу посилни мерки за сузбивање на таквите работи на англиско тло.

Маркос Алонсо со години е еден од најважните членови на Челзи. Со Томас Тухел, тој е незаменлив по левата страна и е еден од омилените на „Плавите“ од Лондон.

Шпанецот е член на англискиот клуб од 2016 година. Одигра 174 натпревари и постигна 25 голови.