Connect with us

Кошарка

Маркус Вилијамс потпиша за Сакраменто

Поранешниот играч на Црвена Ѕвезда, Маркус Вилијамс кого македонската публика имаше можност да го гледа на натпреварите од АБА лигата, потпиша договор со Сакраменто Кингс.

Овој 32-годишен плејмејкер се враќа во НБА лигата по седум години во Европа. Минатата сезона настапуваше за Будуќност од Подгорица и за француски Шоле. Во просек постигна 10,1 поен со 4,2 асистенции по натпревар.

Вилијамс во 2006 година на НБА драфтот беше избран од Њу Џерси Нетс. Во дебитантската сезона на 79 натпревари оствари просек од 6,8 поени со 3,3 асистенции по натпревар.

Беше дел и од тимот на Голден Стејт и Мемфис во најсилната светска лига.