Connect with us

Фудбал

Мароко го победи Бразил во пријателски натпревар

Мароко го победи Бразил со 2:1 во пријателски натпревар. Мароканците поведоа во 29. минута со голот на Софијан Буфало, а Бразил израмни во 67. минута со голот на Касемиро. Победничкиот гол на Мароко беше постигнат во 79. минута. Стрелец беше Абделхамид Сабири. Овој пораз ги пролонгираше проблемите на бразилската репрезентација која по елиминацијата во четврт-финалето на Мундијалот е во потрага по нов селектор.

Ова беше прва победа за Мароко против петкратниот светски првак, а на двете претходни средби убедливо победи Бразил. Бразилците беа без повредениот Нејмар и беа предводени од привремениот тренер Рамон Менезес, кој го замени Тите по неуспехот во Катар.

Да потсетиме, Хрватска по престрелка го исфрли Бразил во четврт-финалето на Светското првенство. Мароко стигна до мечот за третото место, каде загуби и од Хрватска.