Connect with us

Фудбал

Марота интензивно работи на ангажман на Мертенс и Вертонген сумата е 0 евра!!!

Спортскиот директор на Интер, Бепе Марота, кој уште во времето додека ја извршуваше оваа позиција во Јувентус, стана познат по неговиот начин на работа да ангажира фудбалери за 0 евра, односно според „Босман“ правилото.

Таков е случајот и сега во Интер. Имено, како што пишуваат италијанските медиуми Марота уште сега тргнал во „лов“ на двајца квалитетни фудбалери. Станува збор за дефанзивецот на Тотенхем Јан Вертонген и напаѓачот на Наполи Дрес Мертенс. Двајцата во Интер во јуни би дошле како слободни фудбалери, односно за 0 евра.

На овие фудбалери договорот им истекува на 30 јунуи 2020 година, па според правилото „Босман“ уште сега, без дозвола на нивните тимови можат да преговараат со други клубови. Тоа секако се обидува да го искористи Бепе Марота и да ги обезбеди нивните услуги за следната сезона.