Connect with us

Фудбал

Марота потврди: Ги сакаме Ериксен, Моузес, Жиру…

Спортскиот директор на Интер Бепе Марота зборуваше пред медиумите за трансферите во зимскиот преоден рок. За прв пат јавно преговори околу фудбалерите за кои се заинтересирани.

-Ериксен е фудбалер на Тотенхем, неговиот договор му истекува во јуни, легитимно е да преговараме со неговиот агент. За него има интерес и од други клубови, вели Марота кој воедно додаде дека Моузес и Жиру се исто така кандидати за да го засилат Интер во зимскиот преоден рок, секако доколку успеат да се договорат со нивните клубови.