Connect with us

Фудбал

Мартинез поскап од Роналдо, најдобар скок во петте лиги

Интер се чини направи одлична зделка кога минатата сезона го купи Лутаро Мартинез од Расинг Сандандер за 25 милиони евра.

Неговите одлични партии оваа сезона во Серие А и во Лигата на шампионите му донесоа најдобар скок на вредноста на фудбалскиот пазар во најсилните пет лиги.

Од јануари, оваа година кога беше проценет на 25 милиони евра, до декември неговата цена неколку пати скокна. Сега Лутаро Мартинез е проценет на 80 милиони евра.

Со оглед на тоа дека цената на Кристијано Роналдо „падна“ на 75 милиони, младиот напаѓач сега е поскап од најголемата ѕвезда во Серие А.

Лутаро Мартинез има клаузула од 110 милиони евра во договорот со Интер, а според последните информации Барселона планира да ја активира.