Connect with us

Фудбал

Машинеријата на Гвардиола: Како би можела да изгледа екипата на Сити ако дојде Лео Меси?

Фудбалската јавност се уште е шокирана од веста дека Лионел Меси може да ја напушти Барса и да го засили Манчестер Сити.

Меси пред два дена испрати писмо до Барселона во кое бара од него да го напушти клубот. Тој е незадоволен од начинот на кој раководителите на Барса го водат овој клуб и не сакаат повеќе да бидат дел од него.

Веднаш после тоа започнаа шпекулациите дека Меси оди во Манчестер Сити, а англискиот клуб веќе испратил две понуди за него.

Се чини дека Меси сака повторно да работи со Пеп Гвардиола и колку и да звучи чудно, навистина е можно да го видиме Аргентинецот во дресот на Сити од следната сезона.

Англиските медиуми веќе шпекулираат за тоа како би можел да изгледа тимот на „граѓаните“ од следната сезона, а доколку го доведат Меси, тогаш навистина ќе имаат страшен тим.

Можен тим на Манчестер Сити: Едерсон, Вокер, Фернандињо, Аке, Менди, Родри, Де Брујн, Махрез, Меси, Стерлинг, Агуеро.