Connect with us

Фудбал

Матиќ веќе подготвен за Тотенхем

Манчестер Јунајтед во понеделникот во третото коло од Премиер лигата против Тотенхем би можел да биде многу посилен отколку во првите двe кола во шампионатот.

Англиските медиуми објавија дека српскиот репрезентативен играч Немања Матиќ и Антонио Валенсија се вратиле на форма и би можеле да бидат во стартниот состав за натпревар против Тотенхем.

Матиќ пред еден месец го оперирал стомакот во Соединетите Американски Држави, додека десниот бек имал проблеми со мускулот.

Менаџерот на Црвените Ѓаволи, Жозе Мурињо има многу проблеми во тимот, има многу критики и ќе видиме дали враќањето на искусните фудбалери ќе промени промени нешто.

Во првите две кола Јунајтед одигра лошо, а на навивачите посебно тешко му падна поразот од Брајтон.