Connect with us

Фудбал

Маурицио Сари постави рекорд во Премиер Лигата

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари постави рекорд во Премиер Лигата за најдолгата серија во дебитантската сезона на менаџер без пораз во англиската елита.
Челзи и Евертон ремизираа 0:0 на Стемфорд Бриџ во 12-тото коло на Премиер Лигата. Така, во дебитантската сезона на Премиер Лигата, Сари не загуби во првите 12 натпревари.
Во оваа серија од 12 натпревари играше против Арсенал, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
Претходниот рекорд во Премиер Лигата го држеше Френк Кларк во сезоната 1994/95. Тој имаше серија од 11 натпревари во неговото деби во Премиер лигата без пораз. Нотингем потоа изгуби 9 од следните 18 натпревари. На крајот од сезоната, екипата направи нова серија од 13 натпревари без пораз и заврши на трето место.
Челзи во моментов е единствениот тим од првите пет лиги во Европа, без пораз во сите натпреварувања.
Во следниот круг Челзи гостува на Тотенхем на „Вембли” во дербито од 13-то коло на Премиер лигата.