Connect with us

Фудбал

Мбапе донесе одлука! ПСЖ во шок

Сапуницата околу трансферот на Килијан Мбапе трае подолго време, но време е таа да заврши и тоа на начин каков што никој во ПСЖ не сакаше. Односите меѓу Мбапе и францускиот шампион се затегнати веќе неколку недели. Клубот се обиде да го убеди играчот да го продолжи договорот, но тој категорично одби.

Сепак, ова лето нема намера да го напушти „Паркот на принцовите“ и сака да остане до крајот на договорот, односно до јуни 2024 година, што ќе му овозможи да собере дополнителни бонуси.

Парижаните се категорично против таквиот потег, бидејќи само итна продажба ќе им овозможи да заработат од напаѓачот.

Францускиот „Le Parisien“ сега носи нови детали. Очигледно Французинот веќе донел конечна одлука во однос на следната сезона. Имено, тој ќе остане до крајот на договорот, дури и ако тоа значи дека нема да одигра ниту една минута до крајот на сезоната. Оваа одлука ќе му биде соопштена на Насер Ал Келаифи.

Ова е најлошото сценарио за ПСЖ кој се надеваше дека ќе го продаде играчот ова лето или ќе потпише нов договор со 24-годишниот фудбалер. Мбапе е решен да замине во Мадрид кога ќе му истече договорот на крајот од сезоната, но прашање е дали ќе го гледаме на теренот следната сезона…

Во се ќе бидат вклучени ултрасите на Париз кои најавија дека ќе му дадат пекол на Мбапе. Пред натпреварот од 1. коло на Лига 1 против Лориен ќе покажат што мислат за него.