Connect with us

Фудбал

Мбапе двапати го промаши пеналот, а потоа излезе во 21. минута

Фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа тимот на Монпелје како гостин во натпреварот од 21.коло на француската Лига 1.

Натпреварот на стадионот Ла Мосон заврши со резултат 1:3.

Се започна со возбуда и така заврши. Во седмата минута беше досуден пенал за парижаните, откако Жилиен го фаулираше Серхио Рамос . Килијан Мбапе ја зеде топката , но голманот Бенџамин Леконте го одбрани неговиот удар. Сепак, судијата ја виде нерегуларноста и побара да се повтори пеналот. Мбапе повторно шутираше, но брилијантниот чувар на мрежата уште еднаш одлично реагираше и одбрани, а потоа голгетерот на ПСЖ промаши празен гол!

Само десет минути подоцна , Килијан Мбапе мораше да го напушти теренот поради повреда. Во 21. минута беше заменет од Уго Екитике . Серхио Рамос исто така мораше да ја напушти играта во 32. минута , тој се пожали на болка во главата откако беше удрен неколку минути претходно.

Во првото полувреме беше поништен голот на Лео Меси поради офсајд, а во вториот дел по спектакуларен погодок беше поништен голот на Ашраф Хакими, а на крајот овогодинешното засилување од Наполи, Шпанецот Фабијан Руиз ги доведе гостите во водство со својот прв гол во дресот на „светците“ во 55. минута.

Фабијан Руиз исто така постигна асистенција во 72. минута играјќи фантастично за Меси кој зголеми на 0:2.

На крајот од натпреварот беа забележани уште два гола, по еден на двете страни. Во 89. минута Монпеље преку Нордин ја намали предноста на гостите , па тинејџерот во парискиот тим, 16-годишниот Заир-Емери со своето деби го постави конечниот резултат 1:3.

Со оваа победа ПСЖ повторно ја зголеми предноста на табелата. Сега има 51 бод, пет повеќе од Марсеј и шест од Ленс, кој на домашен терен неочекувано беше поразен од Ница.