Connect with us

Фудбал

Мбапе: „Гризман е замената на Кавани, не Алексис Санчез“

Најмладиот играч номиниран за златната топка, Килиан Мбапе, испрати јасна порака до Насер Ал-Келаифи дека Антоан Гризман е замената за уругваецот Кавани.

Репрезентативецот на Франција е убеден дека бомбардерот на популарните “јорганџии” ќе биде идеална замена за уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани, кој сигурно ќе биде продаден за време на летниот преоден рок.

Францускиот интернационалец е проценет на најмалку 80 мил. евра, но голем интерес за неговите услуги покажаа и раководните лица на англиските премиерлигаши Челзи и Манчестер Јунајтед.