Connect with us

Фудбал

Мбапе им оставил порака на соиграчите на парче хартија, еве што напишал!

Килијан Мбапе на стартот од својата ера во Реал Мадрид ги минува најтешките моменти во кариерата бидејќи игра во многу лоша форма, а пред два дена повторно беше трагичар на „кралскиот тим“.

Мбапе промаши уште еден пенал во дресот на Реал, кој беше поразен на гостувањето кај Атлетик Билбао, а два дена подоцна шпанските медиуми објавија интересни детали од соблекувалната.

Имено, мадридски „АС“ пишува дека натпреварот против Билбао на Сан Мамеш би можел да биде пресвртница во кариерата на Мбапе, бидејќи во соблекувалната имал разговор со соиграчите и оставил белешка на лист, која ја ставил на масата.

„Ќе покажам кој сум“, напишал Мбапе на парче хартија, а потоа разговарал со сите важни играчи во тимот и се извинил на секој од нив.

„Уште во соблекувалната, додека атмосферата беше на самото дно, Мбапе им зборуваше поединечно на главните играчи на тимот. Им го кажа истото на секој од нив. Се извини и ја покажа својата желба да стане вистински лидер на нов проект“, пишува „АС“

Следниот натпревар Реал Мадрид го игра утре (сабота) од 21 часот, кога во 16. коло од Ла Лига и гостува на Жирона, а кон средината на следната недела „Кралевите“ ќе и гостуваат на Аталанта во Лигата на шампионите.