Connect with us

Кошарка

Мега и Будуќност се пласираа во полуфиналето на АБА Супер купот

Екипите на Мега и Будуќност и се приклуција на загрепска Цедевита во полуфиналето на кошаркарскиот АБА Супер куп, што се одржува во Бар.

Откако во првиот четвртфинален меч Цедевита го совлада тимот на ФМП со 86:68, во следните два Мега со 83:72 беше подобра од Игокеа, додека црногорскиот тим Будуќност ја победи Цибона со 96:90.

Утре во првиот полуфинален меч (18:45 часот) ќе играат Цедевита и Мега, односно во вториот (21 часот), а Будуќност за противник ќе го има победникот од последниот четвртфинален меч во кој вечерва играат Партизан – Морнар

Финалето на програмата е в сабота од 21 часот.

Новата сезона во регионалната АБА лига ќе стартува на 29 септември, а во неа годинава Македонија ќе ја претставува само шампионот МЗТ Скопје Аеродром.

Advertisement