Connect with us

Фудбал

Мехенгладбах е нов лидер во Германија, пет голови во мрежата на Аугсбург

Борусија Мехенгладбах е нов лидер во германската Бундеслига, откако го совлада Аугсбург со убедливи 5:1 и го искористи киксот на Баерн Минхен, Шалке и Борусија Дортмунд. Мехенгладбах барем до следното коло ќе биде лидер, бидејќи има само два бода предност во однос на Баерн, Шалке, Фрајбург, Лајпциг, Леверкузен.

До четвртата победа во низа домаќините ја обезбедија по првите 45 минути кога постигнаа четири голови, а во вториот дел гостите постигнаа почесен погодок, но сепак примија уште еден гол пред самиот крај на мечот.

Бундеслига, 7.коло парови и резултати

Сабота:

Леверкузен – Лајпциг 1:1

Баерн – Хофенхајм 1:2

Фрајбург – Борусија Дортмунд 2:2

Падерборн – Мајнц 1:2

Шалке – Келн 1:1

Недела:

Мехенгладбах – Аугсбург 5:1

15:30 Волфсбург – Унион Берлин

18:00 Ајнтрахт Франкфурт – Вердер Бремен

Петок:

Херта – Фортуна Дизелдорф 3:1