Connect with us

Фудбал

Мегваер најави враќање: Наскоро ќе бидам на теренот

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мекгваер најави дека наскоро би можел да се врати на терените, бидејќи се опоравува од повредата.

Последниот натпревар Мекгваер го одигра против Астон Вила во септември, кога заработи повреда на листот.

„Се опоравувам“ , рече Мекгваер.

„Се уште не сум тренирал со тимот, но сум подобар. Закрепнувањето се одвива според планот. Секако дека сум фрустриран од повредата, но напредувам и наскоро ќе се вратам на теренот “.

Јунајтед во моментов е четврти на табелата во Премиер лигата, со 14 бода од седум натпревари.

Следниот натпревар „црвените ѓаволи“ ќе го одиграат против Лестер во сабота во 16 часот.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама