Connect with us

Други спортови

Мекинро: “Не сум многу близок со Ѓоковиќ, но мислам дека неговиот проблем е во главата“

Легендарниот американски тенисер признава дека во ниту еден момент не очекувал дека Рожер Федерер и Рафаел Надал ќе ги поделат најважните турнири оваа сезона, но покрај тоа што не штедеше комплименти за моментално најдобрите играчи во светот, не заборави да го искоментира и потегот на Новак Ѓоковиќ.

Мекинро смета дека проблемот на Ѓоковиќ е повеќе психички отколку физички како што самиот го тврди тоа, а исто така потенцира дека никако не го сфатил неговиот потег да се раздели со Борис Бекер, но и со цел свој стручен штабкој го следи од детството.

 Не сум доволно блиску до Ѓоковиќ, но мислам дека неговиот проблем е во главата. Понекогаш некоја повреда може да влијае и психички на твојата игра. Она што најмногу ме изненади и зачуди кај него е тоа што го отфрли рецептот кој му носеше успеси. Заминувањето на Бекер, а потоа и на цел негов тим. Тоа навистина многу ме изненади и не можам да го сфатам, – вели Мекинро.