Connect with us

Други спортови

Мекларен не ги негираат гласините за Индикар

Гласините дека Мекларен ќе се вратат со полна натпреварувачка програма во Индикар стекнуваат на брзина, откако официјални лица од тимот присуствуваа на минатиот круг од автомобилските серии Инди 500.

Пилотите на Мекларен во Индикар освоија три победи во Инди 500 и вкупно 28 во сите кругови на Индикард за неговите 10 години таму пред 1979 година.

Последната нивна манифестација беше делумна со тимот на Андрети и двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо пред една година. Тогаш Шпанецот жртвуваше една од најгламурозните трки во Формула 1 – Гран При на Монако, за да се натпреварува на американска земја.

Според „Спортс Бизнис Дејли“ за време на овогодинешното издание на Инди 500, Мекларен разговарале за потенцијално партнерство со две екипи – Андрети Аутоспорт и Рахал Летерман Ланиган. Со оглед на претходното партнерство помеѓу Андрети и Мекларен, ова се очекува да се претвори во нова формација на шампионатот.

– Мислиме дека Мекларен ќе биде вреден партнер во Индикар, нашето партнерство во Инди 500 во 2017 година докажа дека сме успешни заедно и ние би ја поздравиле можноста повторно да соработуваме со нив, откри Андрети.

Тимот од Ф1 одби да коментира на темата.