Поврзи се со нас

Фудбал

Мемфис Депај е новата „десетка“

Холандскиот фудбалер Мемфис Депај во последно време често се поврзуваше со Барселона.

Каталонскиот гигант покажа сериозен интерес, но бидејќи не можеа веднаш да му платат, Депај засега е уште играч на Лион.

Може да остане така затоа што Депај стана нова „десетка“ на клубот вечерва. Со оглед на тоа што Бертран Траоре замина во Астон Вила, Депај го презеде дресот со број 10 и вечерва за прв пат ќе игра со нов број на мечот против Ним.

Секако интересна одлука на играч кој наводно би бил многу среќен да направи трансфер до крајот на преодниот рок.

Депај претходно го носеше дресот со број 11.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама