Connect with us

Други спортови

Менаџерот на Хабиб откри: Добивме понуда од 100 милиони долари за меч со Мејведер

Менаџерот на ММА борачот Хабиб Нурмагомедов откри дека богати луѓе од Саудиска Арабија понудиле 100 милиони долари неговиот клиент да има меч против Флојд Мејведер во Ријад.

Алил Абделазиз изјавил дека неодамна бил во оваа држава каде се сретнал со Саудијците, за да разговара околу евентуалната борба, но не сакаше да открие кој стои зад понудата, ниту дали и кога би се одржала борбата.

Менаџерот воедно отки дека добиле понуда од 100 милиони евра за реванш меч против Конор МекГрегор.